Кристијан Ериксен беше успешно опериран, објави „Марка“. Следниот петок се очекува да биде пуштен од болница. Тој има вградено посебен уред во неговото срце и тој уред ќе го контролира неговиот ритам на срцето.
Откако Данецот ја исплаши целата планета кога падна на теренот за време на натпреварот помеѓу Данска и Финска во првото коло на Еврото, сега ситуацијата се подобрува.
Засега е јасно дека тој нема да може да игра фудбал, но се наведува дека ќе може да води нормален живот. Некои од неговите соиграчи како Дејли Блинд имаа слични проблеми во кариерата, но тие продолжија да играат фудбал. Блинд двапати колабираше на теренот, но сепак игра за Ајакс. Сепак, состојбата на Ериксен е посериозна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.