Пред една година, Кралскиот клуб започна со реновирање на стадионот, а сегашната состојба нема да ги спречи да продолжат со својата работа и веќе се горди да објават како ќе изгледа ’новиот’ Сантијаго Бернабеу.

За реконструкцијата ќе бидат потрошени дури 500 милиони евра, капацитетот ќе остане на 80.000 места и една од новините е дека стадионот ќе има подвижен покрив на кој ќе бидат потребни 15 минути за да се затвори. Предвидено е да биде подготвен за почетокот на сезоната 2022/2023.

Сантијаго Бернабеу ќе биде најдобриот стадион во светот, рече претседателот на Реал, Флорентино Перез.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.