Словачката репрезентација има сериозен проблем во пресрет на второто коло на Европското првенство, а тоа се позитивни ковид тестови во составот.

На еден ден пред дуелот со Шведска, Словаците открија дека имало два позитивни теста, па започнале да ги почитуваат специјалните протоколи во соработка со своите домаќини во Русија.

Позитивен тест имал репрезентативецот Денис Вавро, но и еден член на стручниот штаб, а Словаците стравуваат од ширење на заразата во националниот тим.

Вавро не настапи на првата средба, а словачкиот селектор истакнал дека фудбалерот не чувствува симптоми.

Ова се први позитивни случаи за време на Европското првенство, откако претходните беа пријавени пред неговиот почеток.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.