Непријатна сцена се случи на крајот на мечот Динамо Загреб – Горица. Фудбалерот на хрватскиот шампион, Лирим Кастрати по крајот на мечот падна сам од себе на теренот. Веднаш во помош притрча лекарскиот тим кој му помогна да стане, по што беше изнесен од теренот.

Хрватските медиуми пренесуваат дека со напаѓачот од Косово се е во ред и тоа се случи поради големиот напор кој што го има изминатиот период и големите температури па почувствувал слабост која била клучна за неговото рушење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.