Два члена на Атлетико Мадрид се позитивни на коронавирус, објавија вечерва шпанските медиуми на четири дена пред натпреварот со Лајпциг, во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Сега мечот е во прашање и не се знае што ќе се случи ако биде потврдено дека болните се играчи на тимот.

Според информациите, фудбалерите се во самоизолација во своите домови, а клубот ќе постапи според препораките на надлежните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.