Во Шпанија како последица од коронавирусот досега починаа повеќе од 300 луѓе, а меѓу нив е и младиот тренер на Атлетико Портада Алта од Малага, Франсиско Гарсија.

Франсиско Гарсија имаше само 21 година, а почина неколку часа откако клубот соопшти дека неговата состојба е стабилна.

Гарсија беше тренер на младиот тим на нисколигашот Атлетико Партада Алта, кога поради симптоми на коронавирус беше испратен на тестирање. Во болница не само што било откриено дека е позитивен на коронавирус, туку Гарсија имал и леукемија. Токму таа комбинација на болести се покажала како смртоносна за младиот тренер.

Гарсија немаше претстава дека е заболен од агресивна болест која го направи ранлив на коронавирусот. Тоа беше откриено откако беше примен во локалната болница поради проблеми со дишењето. Пред еден час соопштивме дека состојбата е стабилна, а сега сме известенни дека Гарсија починал – се зборовите на претседателот на шпанскиот тим.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.