Мечевите во романскиот фудбал до 31 март ќе се играат без присуство на публика поради коронавирусот. Ова се однесува на натпреварите од тамошните Прва и Втора лига по одлуката што ја донесоа Министерствата за здравство и за внатрешни работи.

Фудбалскиот сојуз на Романија и Министерството за здравство најпрво забранија да има повеќе од 1.000 гледачи на трибините, но само еден час подоцна пристигна ново соопштение во кое е објавено дека натпреварите ќе се играат без гледачи.

Во Романија досега се регистрирани 13 случаи на коронавирус



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.