Бројот на лица заразени со корона вирус на Купот на Америка се искачи на 140, објави прес-службата на јужноамериканската фудбалска федерација, КОНМЕБОЛ.

Од 15.235 тестови од почетокот на турнирот, 140 покажаа позитивен резултат, што е околу 0,9 проценти. Повеќето од заразените се работници, членови на делегации и ангажиран персонал – се наведува во соопштението.

Претходно, во националниот тим на Венецуела беа регистрирани 13 случаи на инфекција. Освен тоа, забележани се позитивни тестови и во репрезентациите на Боливија, Колумбија и Перу.

Купот на Америка требаше да се одржи во Колумбија и Аргентина. Сепак, турнирот беше преместен во Бразил поради масовните протести во Колумбија и тешката епидемиолошка состојба во Аргентина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.