Раководството на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, на официјалната веб-страница објави дека двајца претставници на првиот тим добиле позитивни тестови за коронавирус.
– Клубот ги извести релевантните власти и целиот тим ќе биде подложен на понатамошно тестирање во вторник наутро, стои во информацијата на Каталонците.
Тренингот закажан за денес претпладне е одложен. Новиот тајминг ќе биде објавен подоцна.
Барселона за утревечер треба да гостува кај Атлетик Билбао во натпревар од шпанската Ла Лига
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.