Реванш натпреварот меѓу Валенсија и Аталанта што е закажан за вторник (21 ч.) на „Месталја“ во осминафиналето во фудбалската Лига на шампиони ќе се игра пред празни трибини поради опасност од коронавирусот.

– Одлуката за играње зад затворени врати на „Месталја“ е конечна и неотповиклива. Тоа не е прашање за контрола на оние кои ќе влезат на стадионот. Тоа е прашање на јавно здравје што се однесува на сите, рече Ана Барцерло, регионална министерка за спорт, во образложение на одлуката.

Првиот натпревар меѓу Аталанта и Валенсија заврши со убедлива победа на екипата од Бергамо со 4:1



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.