Фудбалерот на Тотенхем, Емерсон Ројал ги коментираше промените во тимот по доаѓањето на тренерот Антонио Конте.
Најпрво Италијанецот забрани кечап, мајонез и друга тешка храна во Тотенхем, а потоа и консумирање путер.
– Сакам кечап! Но, јас сум навикнат да не јадам таква храна, па тоа не е проблем. Путер! Нема повеќе путер. Вистина е, Конте ја истакна важноста од контролирање на телесните масти и избегнување одредени видови храна. Никогаш порано не сум видел нешто слично. На почетокот беше неочекувано и малку тешко, но ова е важно за нашите настапи. Овие детали можат да бидат значајна, истакна Емерсон.
Тотенхем добро ја почна сезоната под водство на Нуно Еспирото Санто, но следуваше резултатска криза по која на почетокот на месецов на тренерската позиција дојде Антонио Конте.
По 12 кола во Премиер лигата, Тотенхем е на 7. место со 19 бодови, 10 помалку од лидерот Челзи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.