По 11 години Интер повторно стана шампион на Италија. Нероазурите ја прекинаа доминацијата на Јувентус.

„Вечерва многу среќни ќе си легнеме поради тоа што го постигнавме. Среќни сме за нас, за луѓето кои работеа да го вратат Интер на победничките патеки, за фановите. Сега се чувствуваме порелаксирани“, вели Конте.

„Овој успех го ставам во еден од најголемите во мојата кариера. Беше тешко бидејќи кога дојдов Интер не беше кандидат за најголемите титули, а и ресурсите беа ограничени. Плус отидов во ривалски тим на Јувентус каде играв многу години и кој доминираше во лигата. Имаше многу негативни ситуации низ кои поминав“.

„Но го прифатив предизвикот и мислам дека напорната работа на крајот се исплатеше“.

Конте беше запрашан и за неговата иднина, дали тој ќе остане во Интер.

„Мислам дека во овој момент треба да уживаме во Скудетото. Остваривме нешто исклучително и сакам да уживам во тоа. Ќе има време да зборуваме за сите други работи“.

Извор: 24 фудбал


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.