Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте е незадоволен од трансфер политиката на лондонскиот клуб.
– Во јануари четворица важни играчи си заминаа, двајца дојдоа. Дури и нумерички на хартија сме ослабени наместо да се засилиме. Тотенхем бара млади играчи кои можат да се развиваат, а не кои се подготвени. Во тоа е поентата, изјави Конте.
Во зимскиот трансфер период Тотенхем го изнајми Дејан Кулушевски од Јувентус и за 19 милиони евра го купи играчот за врска Родриго Бентанкур.
Тимот го напуштија Деле Али (Евертон), Џовани Ло Селсо (Виљареал), Брајан Гил (Валенсија) и Тангај Н’Домбеле (Лион)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.