Во пресрет на натпреварот од најсилната македонска фудбалска лига, меѓу Работнички и Вардар закажан за утре (14.30 часот) на Градскиот стадион во Скопје, навивачката група „Комити“ излезе со соопштение.
На натпреварот со Работнички каде формално сме гости, ќе бидеме лоцирани на трибината СПРОТИ ЈУЖНА. Поради аверзија од фактот дека сме под окупација, нема да споменеме која е трибината. Додека се градеше нашиот Запад, цела сезона бевме на таа трибина, делот до Западната трибина.
Таа трибина од овој натпревар ја преименуваме во “Спроти Јужна” во нашата комуникација, и одлуката стапува на сила првиот натпревар кога Вардар ќе биде домаќин на нашиот Градски (ако се смилуваат душегрижниците некогаш да се вратиме во нашиот дом). Апелираме и ФК Работнички да се приклучи на иницијативата, стои во соопштението на навивачката група Комити објавена на нивниот Фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.