Навивачката група „Комити“ на својот Фејсбук профил се огласи со реакција по промената на името на националниот стадион, Национална Арена „Филип Втори“ во „Тоше Проески“.

Понесени од нагонот за преименување на се што е гордост, традиција и Македонски идентитет, повторно се дрзнаа ‘семоќните’ да го преименуваат нашиот втор дом…
Но овој стадион секогаш бил, е и ќе биде “Градски Стадион – Скопје”, Република Македонија !!!
“Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи?” – еднаш праша Маестро Тоше, но не му беше одговорено…
Прости им Великану, не знаат што прават !!!“ – напишаа „Комити“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.