Вардар ова попладне доживеа вистински и историски дебакл на гостувањето во Кратово, па откако тимот на Џиџи составен од млади фудбалери одново прими шест гола на еден првенствен меч, со жестока реакција излезе навивачката група која овозможи опстојување на клубот во овие тешки времиња.
„Комитите“ со распродадениот стадион и собраните финансиски средства спречија згаснување и овозможија тимот да се натпреварува во пролетниот дел од сезоната, но откако Вардар декеска беше декласиран од Силекс со 6-0, најголемата навивачка група на најтрофејниот македонски фудбалски колектив почна со имиња и презимиња да ги прозива луѓето кои ги нарече вистински „душмани“ на клубот.
Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја. За да се долови Мизеријата, доволно е да се напомене дека при резултат од 6:0 најдобар поединец беше голманот Илиќ, и само уште еден достоен да го носи дресот на Вардар беше ветеранот Шиле. За другите што да се каже – статисти, манекени и повеќе играчи и асистенти на противничкиот тим отколку на Вардар.
– Одбрана швајцарско сирење ! Средина непостоечка ! Напад јалов ! Вакво газење на честа на клубот е незапаметено и крајно недозволиво, и време е за радикални промени но и да се сносат последиците.
– Нема повеќе никакво алиби ! Време е да почнеме со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот. Време е за одговорност ! Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов? гласи реакцијата на „Комитите“ кои се огорчени од ситуацијата во која се најде клубот.
Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја.
За да се долови Мизеријата, доволно е да се…Posted by Komiti Skopje on Sunday, 11 April 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.