Навивачката група Комити по денешниот нов пораз на скопскиот клуб на гостувањето во Охрид против тимот на Воска Спорт бара реконструкција.  Вардарци забележаа нов пораз и го загубија натпреварот со 1:2, а навивачите не се задоволни од состојбата во којашто се наоѓа нивниот миленик.

Реконструкција! Ова не е тој Вардар за којшто дојдовме и покрај сите забрани!, порачаа Комити.

Комитите се појавија на стадионот во Охрид и покрај сите услови и протоколи кои ги има поради пандемијата со коронавирусот, но оттаму си заминаа разочарани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.