Бесчувствителноста на модерниот фудбал низ примери од некои англиски клубови кои бараат пари од родителите ако сакаат нивните деца да истрчаат на терен држејќи ги за рака фудбалерите.
Во оваа бескрупулозна заработувачка предничи Вест Хем, клуб популарен кај работничката класа. Со 700 фунти (47549.19 денари) за раче немаат конкуренција. Освен држење за раче, клубовите нудат и дрес и фотографирање со играчите.
😞 Children mascot prices…
– West Ham: £700
– Leicester: £600
– Tottenham: £405
– Wolves: £395
– Fulham £270
– Bournemouth: £185
“£270 at Fulham does not include kit while a £185 package at Bournemouth does not come with a ticket to the game”#GamesGone
🗞️ @BBCSport pic.twitter.com/TAiYpUKzUZ
— The Sportsman (@TheSportsman) January 2, 2019
Од друга стана, Борнмут ја нуди оваа услуга за 185 фунти (12566.57 денари), што е најмалку во оваа неславна конкуренција, но затоа пак на детето ќе мора да му се купи влезница за натпреварот.
Во пакетот на Фулам за 280 фунти (19359.31 денари) не влегува дресот, тој дополнитено се плаќа.
Сепак, великаните како Челси, Манчестер јунајтед, Манчестер Сити, Ливерпул и Арсенал имаат граница. Најголемите англиски клубови излегувањето на терен во придружба на играчите им го подаруваат на деца од своите детски фан-клубови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.