Еден од највпечатливите моменти во првите 30 минути од финалето меѓу Ливерпул и Тотенхем беше влетувањето на една од навивачките на терен. Оваа русокоса беше оскудно облечена, обезбедувањето веднаш ја изнесе од теренот, а камерите се однесуваа како ништо да не се случило.

Девојката на костимот за капење го рекламира порталот кој се поврзува со Виталиј Здороветски, Русин, кој се занимава со разни интернет подметнувања кои главно имаат сексуална конотација. Затоа медиумите пишуваа дека се работи за девојка која промовира сајт за возрасни.

Британските таблоиди пишуваат дека станува збор за неговата девојка Кинси Волански. Виталиј е познат по тоа што упадна на финалето на СП во 2014 година и оттогаш му е забранет пристап на големите натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.