Македонија се пласираше во бараж па многумина се прашуваат што значи тоа. „Република“ ќе се обиде на едноставен начин да ви објасни кое патот кој може да не одведе до СП во Катар.

Десетте втори репрезентации од квалификациите плус двете најдобри селекции од Лигата на нации, кои не се пласирани на Мундијалот, формираат три групи од по четири репрезентации.

Трите репрезентации со најдобар квалификациски резултат од групите имаат право да бидат домаќини во групите. Се игра по еден полуфинален меч.

Победниците од  полуфиналните двојќи ќе играат меч за пласман во Катар, но кој ќе биде домаќин ќе биде одредено со ждрепка.

Што тоа значи за Македонија

Македонија сигурно нема да биде домаќин во некоја од квалификациските групи. Доколку победиме во полуфиналето може да се случи во финалето да бидеме доамаќини.

Со која репрезентација ќе играме се уште не се знае бидејќи денеска и утре треба да се доиграат уште неколку мечеви.

Можни ривали се Италија, Швајцарија,Шкотска, Полска, Велс но и големиот фаворит Португалија. Тоа значи дека е можно Кристијано Роналдо да го видиме на „Градски“.

Ждрепката е на 26 ноември, а баражите се во март догодина.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.