„Комити“ се потсетуваат на една неверојатна приказна за, како што ги велат навивачите на Шалке 04, нивните браќа од Германија, која според навивачите на Вардар, заслужува да биде во учебниците…

На 21.08.2013г. се сретнуваат Фудбалските екипи на Шалке 04 и Паок Солун, во рамките на групната фаза во лигата на Шампионите. Поради збратименоста со навивачите на Вардар, Комитите, на сите натпревари кога игра Шалке 04, припадници на Комитите како од Македонија така и од Дијаспората ги поддржуваат своите ‘браќа’, и во нивна чест стои знаме на Комити и Македонија на оградата на трибината.
На овој натпревар има истакнато знаме на Комити Дизелдорф кое го содржи Македонското национално знаме како симбол. Истото знаме е речиси секој натпревар присутно и предходно, како во Бундес лигата така и во Лигата на Шампиони, и никогаш предходно немало реакција од никого за негово отстранување. Но претставникот на гостинскиот тим овојпат реагира, а потоа делегатот на УЕФА налага знамето да биде отстрането поради “провокативна содржина”. Во тој миг настапува оној момент кога се препознава неправдата и кога природно се раѓа отпорот кон неа. Тие се одлично информирани за нашата болка и се застанати во борбата за Македонија заедно со нас, ја препознаваат симболиката и го препознаваат моментот кога нашето прашање треба да биде отворено на меѓународна сцена. Знамето не го тргаат…

 

Делегатот на УЕФА инсистира и на трибината на UGE влегуваат голем број полициски сили за да ја спроведат наредбата. И покрај бруталноста на Полицијата (користење на гас и палки), каде има многумина лесно повредени навивачи и полицајци, нападите се одбиени, знамето е сочувано и не е дозволена негова конфискација.

 

По натпреварот е отворена опширна истрага на Полицијата каде се покренати обвиненија кон 63 навивачи за нарушување на јавен ред и мир, и 25 полицајци за прекумерна употреба на сила.

 

Но Македонското национално знаме е одбрането! Германци го одбранија и покрај изложеноста на брутална сила!

 

Во знак на солидарност, во следното коло на сите навивачки трибини ширум Германија во Бундес лигата се појавуваат Македонски национални знамиња, се појавуваат дури и кај нивните најголеми ривали, навивачите на Борусија Дортмунд.

 

Исто така, во знак на солидарност со своите навивачи, великанот на Германскиот и Европскиот фудбал – Шалке 04 привремено и симболично го менува своето клубско лого со мотиви од Македонското национално знаме во позадина.

„Комити“ велат дека сега повторно се соочени со нови предизвици, но повторно не се сами.

Има уште многу да се раскажува колку е искрено нашето Братство кое е поцврсто и од челик.
Кога тие на 2.000km од нас се грижат за она што значи Вардар и Македонија, кога се организираат да купуваат карти за спас на Вардар, тогаш ние кои сме тука имаме должност да го исполниме цел стадион!
Навалете, повикуваат тие.

Картите може да се купат на овој линк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.