Фудбалскиот натпревар кој се играше во Бугарија на Велигден со кршење јајца одлучи кој да го има почетниот удар во фудбалски дуел. Поради тоа што на клубовите им се падна да играат натпревар точно на ден Велигден, од фудбалската федерација на Бугарија решија наместо со фрлање паричка, одлуката за кој да го изведе почетниот удар да ја донесат со кршење со јајца.
Наместо традиционалното фрлање паричка, овојпат капитените на двата клуба добиваа по едно јајце кое беше во клупските бои и со кршење решаваа кој ќе биде тимот што прв ќе тргне од центарот.
извор: sportski.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.