Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира дека дека битката за титулата во Премиер лигата нема да биде само помеѓу неговата екипа и Манчестер Сити.

„Црвените“ се домаќини на Арсенал на „Енфилд“ во сабота навечер, додека „граѓаните“ викендов патуваат кај Бурнемаут. Екипата на Пеп Гвардиола го престигна Ливерпул со еден бод во текот на изминатата сезона, а многумина веруваат дека токму овие два тиме се единствените кои имаат шанси за титулата и оваа сезона.

Ова не е „трка помеѓу два коњи“. Ако беше тоа така, ние не знаеме дали и ќе бидеме првиот или вториот коњ. Имаме многу да покажеме повторно. Тоа беше за прв пат да играме сезона како минатата, но не може да бидеме сигурно дека и годинава ќе се повтори. Има простор за подобрување, вели Клоп.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.