Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по синоќешниот пораз од Манчестер Сити од 2:1 во натпреварот од 21. коло на англиското првенство, рече дека средбата била најтешка за неговиот тим оваа сезона.

Натпреварот беше интензивен и многу тежок за двата тима. Сити ги освои бодовите, но и ние имавме шанса за успех. Тоа беше многу тежок натпревар. Двата тима се бореа како луди да останат во игра. Ми се допадна фудбалот што го покажа Ливерпул, иако и двете екипи би можеле да играат подобро. Беше тактички фудбал. Изгубивме, што не е многу добро. Ова е нашиот најтежок меч во досегашниот дел од сезоната, изјавил Клоп.

И покрај поразот, Ливерпул е лидер на табелата во Премиер лигата со 54 бода, пред Манчестер сити кој има 50.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.