Англискиот шампион Ливерпул нема да привлече заменик на повредениот дефанзивец Вирџил ван Дајк во јануари.

Холанѓанецот се здоби со сериозна повреда на коленото за време на дербито со Евертон и ќе отсуствува околу половина година.

Првично се сметаше дека менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп размислува за привлекување на Дајо Упамекано од Р.Б. Лајпциг или Озан Кабак од Шалке.

Според „Ливерпул Ехо“, сепак, Германецот не сака да троши пари на ново засилување и целосно ќе се потпре на дефанзивците што ги има во моментов.

Тој скоро сигурно ќе се обложи на Џо Гомез и Фабињо во „срцето“ на одбраната



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.