Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, не можеше да отпатува дома во Германија за да присуствува на погребот на својата мајка, 81-годишната Елизабет, поради тоа што германските власти не дозволуваат пристигнувања од Велика Британија поради Ковид-19.
„Таа ми значеше сè на светот. Беше вистинска мајка во најдобрата смисла на зборот. Како верен христијанин знам дека сега е на подобро место. Тоа што не можам да одам на погребот е поради овие ужасни времиња. Кога ќе дозволат условите, ќе направиме комеморација за неа“, изјави Клоп за „Шварцвалдер боте“.
Клоп веќе го загуби татка си Норберг во 2000, на 66 години, неколку месеци откако Јирген ја доби првата менаџерска работа во Мајнц.
You’ll Never Walk Alone, Jürgen ❤️ pic.twitter.com/mjgSmXZWgn
— Liverpool FC (@LFC) February 10, 2021
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.