Легендарниот германски фудбалер и поранешен селектор на германската репрезентација, Јирген Клинсман, испрати големи пофалби за Македонија.
Зборувајќи за натпреварот, Клинсман истакна дека овој пораз е голем шок за Германија.
Не знам како изгубивме, ова е голем удар, многу неочекуван пораз. На почетокот имавме шанси, Горецка ја погоди пречката, се чинеше дека се оди како што треба. Но овој тим на Македонија покажуваше моменти на брилијантност и не беше изненадување што водеа на полувреме.
Потоа Германија се врати со голот од пенал, но да бидеме фер кон Македонците, и тие требаше да добијат пенал. И на крајот тие направија големо изненадување, ова е огромен шок за Германија, нема сомнеж во тоа. Македонија заслужи да победи – вели Клинсман.
Прашан дали германските фудбалери се среќни барем што немаше фанови на стадионот, Клинсман одговори потврдно.
Да, друго ќе беше да загубиме од Македонија пред 65.000 гледачи. Но се обложувам дека утре нама да има фудбалер од германската репрезентација кој ќе отиде во пекара или месарница да купи леб или месо бидејќи тие ќе го почувствуваат разочарувањето на фановите ќе биде подобро да се скријат неколку дена дома пред да излезат повторно – вели Клинсман.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.