Капитенот на италијанскиот фудбалски гигант Јувентус, Џорџо Кјелини, објави дека примил и трета вакцина против коронавирус, таканаречена „бустер“ доза, пренесуваат денеска локалните медиуми.

Кјелини, воедно, ги повика сите луѓе да ја одиграат својата улога во борба против пандемијата на коронавирус.

– Благодарение на вакцините и заштитните маски се бориме да се вратиме во нормала. Сите мораат да ја одиграат својата улога. Вакцинирајте се за ваше добро и за да ги заштите најранливите категории граѓани, апелираше италијанскиот репрезентативец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.