Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција подготвува вечтачење за милионскиот криминал направен во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во висина од 2,4 милиони евра, откако финансиаката полиција поднесе кривична пријава против смедководителката Олгица Младеновска, бившиот претседател Илчо Ѓорѓиоски, уште еден вработен во федерацијата и 14 други правни лица за незаконско извлекување на пари, објави „А1 он“.

После истрагата на финансиската полиција пред три месеци беше поднесена кривичната пријава во која Ффм била оштетена за огромни 2,4 милиони евра, пари кои се извлекувале од сметката на најмоќната наша федерација, па сега јавното обвинителство сето ова, после прибирање на докази и друга документација и сослушување на сведоци, ќе го даде на вештачење за да се утврдат фактите пред подигнување на јавнообвинителска одлука за понатамошниот тек на постапката.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.