Јелена Карлеуша ќе остане без милиони бидејќи Душко Тошиќ нема намера да и ја прости аферата со Огњен Врањеш, пишува Ало.рс.
Имено, како што се дознава, Душко веќе контактирал со адвокат и има намера да го забрза процесот на развод, како од својата сопруга би ги сочувал неговите 14 милиони долари кои му следуваат со последниот договор во Кина.
Како што открива неговиот близок пријател и соиграч, Тошиќ неколку часа откако се појавиле пораките во кои Јелена го повикува нивниот колега Огњен Врањеш на секс, го повикал и во доверба му побарал контакт на адвокат за разводи.
Кога почна целата приказна за сексот на Јелена со Врањеш, сите ние кои добро го познаваме Душко му рековме дека се ќе помине, ако не се појаваа докази. Сепак испливаа фотографии, снимки и пораки и цела Србија ја виде неговата жена со момче кое во фудбалскиот свет важи за лево сметало. Ден после тоа се објавија пораките каде таа на љубовникот му кажува дека Душко и е како брат и го опишува до детали перверзниот секс кој го сака. Е тука пукна – рекол изворот.
Како и што мислев, ми рече дека планира да стави точка и дека веќе не може да издржи- додал изворот и открил дека Душко сака што побрзо да се разведе од Јелена како со неа не би морал да ги дели 14 милиони долари кои му следуваат по кинескиот договор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.