На натпреварот против Македонија во Скопје, 18-годишниот Џамал Мусиала го постигна својот прв гол за репрезентацијата на Германија.

Фудбалерот на Баерн Минхен, го постигна четвртиот гол во триумфот против македонската репрезентација со 4:0, со што стана вториот најмлад стрелец во историјата на германскиот националниот тим. До таков успех, Мусиала дојде со наполнети 18 години 227 дена.

Прв на оваа листа е Мариус Хилер, кој својот деби репрезентативен гол го постигна на возраст од 17 години и 241 дена. Тоа се случи во далечната 1910 година, кога репрезентацијата на Германија (Германската империја во тоа време) ја победи Швајцарија (3:2).

За Хилер, тој гол беше единствениот во германската репрезентација, со оглед на тоа што подоцнс се пресели во Аргентина, каде што одигра и неколку натпревари за националниот тим на „гаучосите“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.