Лука Модриќ го одигра својот последен натпревар на Европските шампионати. Колку и Хрватска да не може без него, тој во 2024 година најверојатно ќе ја заврши кариерата.

И затоа неговите емоции се измешани. Бидејќи, Хрватска ги имаше Шпанците на послужавник, ако Крамариќ го постигнеше голот во првото продолжение, кој знае …

Навивачите го скандираа името на капитенот кога сфатија дека не може да се вратат во играта повеќе.

Дали сепак тој повторно ќе се врати на Светското првенство, во Катар 2022 година?

– Ќе видиме, треба добро да се одморам и да размислам … Сè уште не е време за тоа, изјави Лука за ХРТ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.