Италијанскиот фудбалски шампион Интер најави промена на генералниот спонзор. Од претстојната сезона, наместо „Пирели“ на дресовите на Интер ќе биде логото на апликацијата „Socios.com“.

Според „Фудбал Италија“, договорот е вреден 20 милиони евра годишно.

Ова ќе биде првпат по 26 години (од 1995 година) главен спонзор на дресовите на Интер да не биде производителот на автомобилски гуми „Пирели“.

Минатата сезона Интер стана шампион на Италија за прв пат по 11 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.