Легендарниот поранешен фудбалер, Самуел Ето (40), во придружба на своите приврзаници поднесе официјална кандидатура за претседател на Камерунската фудбалска федерација.
Ето пред седиштето на Камерунската фудбалска федерација изjaви дека ќе биде избран за нов претседател и покрај матните зделки и корупцијата на неговите противници.
Актуелниот претседател Мбомбо Нјоја беше именуван на чело на Камерунската фудбалска федерација во 2018 година, но на почетокот на оваа година Меѓународната спортска арбитража (ЦАС) го поништи неговиот избор. Актуелното раководство му понуди потпретседателско место на Ето, но тој тоа го одби, истакнувајќи оти е дојдено време за обнова на камерунскиот фудбал.
Претседателските избори се закажани за 11 декември, а Камерун од 9 јануари до 6 февруари идната година ќе биде домаќин на Африканскиот Куп на нации.
Ето во својата фудбалска кариера настапуваше за европските гиганти Интер, Реал Мадрид, Барселона, Челзи и Евертон, а во националниот дрес одигра 118 натпревари на кои постигна 56 голови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.