Лидерот во Серија А, Милан на својата официјалната веб-страница објави дека потпишал договор со напаѓачот Марио Манџукиќ.

Договорот на 34-годишниот фудбалер со тимот е со важност до крајот на сезоната 2020/21 со можност за продолжување на една сезона.

Манџукиќ ќе го носи дресот со број „9“.

Хрватот одигра пет нецелосни сезони во Италија со Јувентус. Тој го напушти тимот од Торино во зимскиот преоден рок 2019/2020.

Последен пат Манџукиќ влезе на теренот на 7 март како играч на Ал-Духаил во мечот од шампионатот Катар



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.