Најдобриот македонски ракометар на сите времиња Кирил Лазаров со својот клуб, француски Нант ќе играат против Барселона на „Фајнал фор“ турнирот од Лигата на шампионите.
Во другиот полуфинален меч ќе се сретнат дански Алборг и и другиот француски полуфиналист, тимот на Пари Сен-Жермен.
Кире Лазаров ќе го игра седмиот „Фајнал фор” во елитното ракометно натпреварување, од кои три има со Барселона, а по еднаш досега со Суидад Реал, Атлетико Мадрид и со Нант.
„Фајнал фор“ турнирот ќе се игра во Келн, Германија викендот на 12 и 13 јуни
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.