Беижинг Гуан сака да го направи Герет Бејл најплатениот играч во историјата на кинескиот фудбал, нудејќи му излез од Реал Мадрид, пишува „Дејли Телеграф“. Триесет годишниот фудбалер добил понуда од овој клуб од неверојатни 24 милиони евра годишна нето плата.
Бејл не е во плановите на тренерот Зинедин Зидан, кој вчера призна дека Шпанците барале начин да се разделат со велшкиот репрезентативец.
До разделба помеѓу Реал Мадрид и Бејл сигурно ќе дојде откако агентот на играчот, Џонатан Барнет го нападна Зидан отворено и ги опиша неговите зборови како „срамни“.
Од „Сантијаго Бернабе“ бараат околу 60 милиони евра оштета за Велшанецот, сума која би можела да претставува проблем за кинескиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.