Колумбиецот кој настапува за Баерн Минхен, Хамес Родригез на крајот од сезоната ќе се врати во Реал Мадрид. Според германскиот магазин „Кикер“, баварците се откажале од опцијата да ги откупат правата на Хамес за 35 милиони евра.

Според „Марка“ пак, фудбалерот не е во најдобри односи со тренерот Нико Ковач и не сака да остане во Германија.

Зинедин Зидан е категоричен дека нема да смета на Хамес по враќањето на 27-годишниот фудбалер во клубот. Во тековната сезона, фудбалерот од Јужна Америка забележа 27 натпревари за Баерн, постигна 7 гола и запиша 6 асистенции.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.