Шансите на Јувентус за освојување на Лигата на шампионите драстично опаднаа по поразот во првиот натпревар од осминафиналето против Атлетико Мадрид. „Старата Дама“ беше поразена со 2-0 и се соочува со тежок предизвик да му даде минимум два гола на тим кој и тоа како знае да игра дефанзивен фудбал.
Во интервју за „Тутоспорт“, капитенот на Јуве, Џорџо Киелини посочи како треба да игра клубот за да го помине шпанскиот претставник.
За да одиме во следната фаза ќе ни треба огромна самодоверба и голем баланс во тимот. Во моментов ние сме разочарани, но ништо не е готово. Дали Атлетико не изненади? Не. Знаевме дека натпреварот ќе биде таков. Не беше ништо што не очекувавме, со тие кратки „епизоди“ кои ја направија разликата против тим кој може да направи сите да играат лошо, не само ние. Во возвратниот натпревар ќе мора да играме поактивен натпревар, со голема смиреност и да стигнеме до предност од приликите кои ќе ни се укажат. Мора да бидеме внимателни и на прекините, затоа што Атлетико ги сака таквите ситуации, заклучи Кјелини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.