Каталонскиот гигант Барселона го претстави најновото засилување Кевин Принс Боатенг. Офанзивниот играч за врска, на огромно изненадување на европската фудбалска јавност, пристигнува на „Камп Ноу“ оваа зима. Тој ќе игра како позајмен играч од Сасуоло во наредните шест месеци.

Донесов одлука во истиот момент кога дознав дека Барселона е заинтересирана за мене. Ваква шанса не се пропушта, изјави Кевин Принс Боатенг на промоцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.