Фудбалерите на Тотенхем синоќа триумфираа против Манчестер Сити на првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите со 1-0, но се чини дека го загубија својот најдобар играч до крајот на сезоната.

По еден дуел со Фабијан Делф покрај аут линијата, Кејн заработи повреда на левиот зглоб, а според првичните проценки, англискиот напаѓач би можел да паузира подолго време, односно за него сезоната би можела да е веќе завршена.

Се чини дека станува збор за истиот зглоб, па би можел да има сличен проблем. Ова е навистина тажно и разочарувачко. Ќе мора да играме без него, најверојатно до крајот на сезоната, изјави Покетино и додаде:

Ова е многу загрижувачко. Ќе видиме што ќе се случи, но времето за рехабилитација е кратко, изјави Покетино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.