Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн најави дека нема да го напушти лондонскиот клуб во летниот преоден рок.

– Беше неверојатно да се види приемот што навивачите на Спарс ми го приредија во неделата и да ги прочитам пораките за поддршка што ги добив изминатите неколку недели. Летово ќе останам во Тотенхем и ќе бидам 100% фокусиран да му помогнам на тимот да успее, напиша Кејн на Твитер.

Претходно беше објавено дека Манчестер сити му понудил на Тотенхем 150 милиони евра за 28-годишниот Кејн.

Минатата сезона, Кејн одигра 49 натпревари на сите турнири, постигна 33 гола и постигна 16 асистенции



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.