Поради обид да одглуми пенал, македонскиот фудбалски репрезентативец во дресот на Џенова, Горан Пандев беше казнет од Дисциплинската комисија при Италијанската фудбалска федерација со 2.000 евра.
Во победата на неговиот тим над Лацио (2:1) во меч од Калчото, Пандев во судиското продолжение се обиде да одглуми прекршок во противничкиот шеснаесетник за пенал.
Потегот беше санкциониран со жолт картон од судијата на натпреварот, а подоцна и од комисијата при фудбалската централа во Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.