Напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Единсон Кавани и дефанзивецот на Тијаго Силва би можеле да си заминат од клубот на крајот на сезонава. Според „ЕСПН“, договорите на двајцата играчи истекуваат на крајот на оваа сезона, а парискиот клуб сè уште не предложил продолжување на договорот.

Во исто време, Кавани не исклучува дека ќе остане во клубот и верува дека сè уште може да го убеди клубот да му понуди нов договор. Силва пак изјави дека не знае за плановите на клубот за него. Според „ЕСПН“, новиот договор со Бразилецот не е приоритет за клубот.

Се посочува дека Кавани во случај да го напушти Париз, кариерата може да ја продолжи во американската МЛС.

Оваа сезона 32-годишниот Кавани има одиграно четири натпревари за ПСЖ и постигнато два гола, додека Силва (35) има одиграно 11 натпревари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.