Тренерот на Пари Сен Жермен, Томас Тухел изрази разочарување од тоа што некои клучни играчи го напуштија клубот пред крајот на сезоната.
Едисон Кавани, Томас Муние и Танги Кваси заминаа откако истекоа нивните договори кон крајот на јуни. Тие не беа подготвени да преговараат со ПСЖ да ги продолжат своите договори до крајот на кампањата.
Францускиот шампион ќе се соочи со две финалиња во двата национални купа и четвртфиналето во Лигата на шампионите против Аталанта.
– Тажен сум што загубивме тројца главни играчи за Лигата на шампионите. Ова ги отежнува работите. За ПСЖ, императив е да се има голема и квалитетна група, рече Тухел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.