Фудбалскиот сојуз на Катар објави дека репрезентацијата на земјата ќе учествува во европските квалификации за СП 2022 надвор од конкуренција.
Катар ќе биде вклучен во групата А, каде ќе одигра пријателски натпревари со Португалија, Србија, Ирска, Луксембург и Азербејџан.
Домашните натпревари во оваа група Катар ќе ги игра во Европа, така што репрезентациите нема да губат време на летови.
Бидејќи репрезентацијата на Катар, како домаќин на Светското првенство, веќе обезбеди учество на Мундијалот, резултатите од натпреварите со оваа репрезентација нема да бидат земени предвид во поредокот во групата А.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.