Легендарниот шпански голман, Икер Касиљас, не ја пропушти можноста да го „пецне“ Жозе Мурињо, по поразот на Манчестер Јунајтед во Ливерпул од 3-1. Тимот на Мурињо во моментов се наоѓа на шестото место во Премиер лигата со 26 бода, дури 19 помалку од лидерот Ливерул.
Касиљас поради Португалецот замина од Реал Мадрид, па до сега на неколку пати му упатуваше зајадливи пораки праку медиумите.
Според еден португалски медиум, играч на моја возраст од 37 години е блиску до пензија. Се согласувам. Сепак јас би го прашал тој ист медиуми: Кога станува збор за тренерите, во кој момент станува јасно дека треба да го напуштат тимот?, напиша Касиљас на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.