Голманот на Порто, Икер Касиљас се чувствува добро и е надвор од животната опасност по претрпениот срцев удар. Тој вечерва преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите што му изразија поддршка.
Сè е под контрола. Малку исплашено, но силно, како и секогаш. Ви благодарам за вашите пораки со поддршка, напиша Касиљас на Твитер.
Голманот на Порто денес во утринските часови претрпе срцев удар и итно беше хоспитализиран по што врз него беше извршен хируршки зафат. Касиљас е во Порто од 2015 година. Претходно од 1998 година беше член на Реал за кого одигра повеќе од 700 натпревари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.