Екипата на Реал Мадрид вчера доживеа дебакл на домашен терен, откако загуби со 0-3 од ЦСКА Москва. Мечот немаше никаква резултатска важност за шпанскиот клуб, па тренерот Солари реши да игра со комбиниран состав.
На теренот беа испратени неколку млади фудбалери, а тоа беше една од причините за високиот пораз, по што Дани Карвахал збесна и ги критикуваше.
Пред три недели зборувавме дека младит фудбалери, кои пораснаа во Реал, можат без проблеми да играат во првиот тим, но очигледно тие не заслужуваат да го носат овој дрес. Лути сме поради поразот, вели Карвахал.
Уште еден инцидент се случи на мечот, а тоа е наводно одбивањето на капитенската лента од страна на Иско, а во една ситуација Шпанецот уништи добра шанса, па доби свирежи.
Не слушнав дека му свират навивачите, но можам за него да кажам дека е храбар фудбалер. Кога не ни оди добро, Иско се труди да направи пресврт, одговорил десниот бек на Реал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.