По судир со група Британци на грчкиот остров Миконос, уапсен е Хари Мекгваер, капитенот на Манчестер Јунајтед.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, очевидци изјавија дека две групи Британци се судриле пред бар ноќта помеѓу четврток и петок. Полицијата реагирала, а потоа ситуацијата се влошила.

Медиумите наведуваат дека три лица вербално и физички ги нападнале полициските службеници, како и дека се приведени. Меѓу нив бил и Мекгваер. По приведувањето, се наведува, тие не се смириле, а потоа биле уапсени.

Мекваер има 27 години, а минатото лето стана најскапиот платен дефанзивец, откако Јунајтед издвои 80 милиони фунти за неговиот трансфер од Лестер. Тој е член на репрезентацијата на Англија од 2017 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.